Фудбалерот за врска, Чаби Алонсо ќе го пропушти финалниот натпревар во ЛШ откако заработи втор жолт картон на дуелот со Баерн Минхен во полуфиналето.
– Многу ми е криво и жал што Чаби Алонсо нема да биде дел од финалниот натпревар. Тој во дуелите со Баерн Минхен ја направи разликата, но во финалето ќе имаме мотив повеќе да се бориме и за него – рече Анчелоти.
Италијанскиот стратег е лекот за германскиот фудбалски гигант Баерн Минхен. „Баварците“ и во деветтиот натпревар не успеаја да го совладаат тимот, кој тој го предводи.
– Двата одиграни натпревари со Баерн Минхен ме прават посебно горд. Сите фудбалери ги извршија сите задачи, а кога на ова ќе се додадат и индивидуалните игри доаѓа до совршенство. Сега сме на чекор од трофејот и ајде да го направиме во Лисабон – додаде Италијанецот.
Мх.П.