– Се додека не ја освоиме титулата во француската лига не размислувам за друг клуб. Немам со никој разговарано, и на никој му немам соопштено дека заминувам. Видов некои написи дека ќе се преселам во Реал Мадрид, но тоа не е вистина. Јас со ПСЖ имам договор до 2014 година и ќе одработам до крај – рече Анчелоти.
Италијанскиот стратег на најдобар пат е во дебитанската сезона да стигне до титулата во Франција, а со “светците“ беше на чекор од сензација во 1/4 финалето од ЛШ откако поради “гол во гости“ преживеа елиминација од Барселона.