Италијанскиот стратег Карло Анчелоти го презема кормилото во Реал Мадрид. Италијанецот, кој ќе го наследи Жозе Мурињо на клупата потпиша три годишен договор.

Анчелоти минатата сезона беше на чело на мултимилионскиот проект ПСЖ со кој ја освоија титулата во француското првенство.

Поранешниот тренер на Милан, Јувентус и Челси треба да го прекине десетгодишниот пост на „кралевите“ во Лигата на Шампиони, нешто што не му успеа на неговиот претходник Мурињо.

55-годишниот Анчелоти во тренерската кариера има освоено две титули во Лигата на Шампиони и тоа двете со Милан во 2003 и 2007 година.

Мх.П.