Италијанскиот стратег Карло Анчелоти потпиша договор со францускиот лидер на табелата Пари Сен Жермен. Анчелоти кој во Париз дојде на инситирање на поранешниот “миланиста“ Леонардо на клупата седи во наредните три и пол години.


Популарниот “Лоти“ кој освојуваше титули со Милан и Челси му доставил листа на желби на бразилецот, а на неа се Сандро од Тотенхем како и италијанскиот репрезентативен голман Сиругу.

Останува отворено прашањето за евентуалното доаѓа на Бекам, Кака , како и неколку играчи на Челси кои се на излезна врата во клубот од Лондон.

Ohridnews