Реал Мадрид на Алијанц Арената во реванш натпреварот од 1/2 финалето во најеминетното натпреварување против Баерн Минхен ќе ја брани минималната предност 1-0 стекната на „Сантијаго Бернабеу“.

Италијанскиот стратег досега во не загубил во германски тим, а продолжение на таа низа би значело финале за најтрофејниот клуб во Шпанија.
– Не сме луди да мислиме дека веќе обезбедивме пласман во финале. Во Минхен ќе играме против голема екипа, која е актуелн првак. Не е битно во кој состав и со каква формација ќе играме туку желбата и менталната стабилност ќе одлучува за патникот во финалето – додаде Анчелоти.
Мх.П.











