Карло Анчелоти, тренерот на Реал Мадрид, смета дека Баерн Минхен е главниот фаворит за освојување на титулата во Лигата на шампиони.


Баерн, кој ја брани титулата, во осминафиналниот двомеч ќе игра против Арсенал, додека Реал го очекуваат две средби со Шалке.

„Баерн е фаворит од три причини: 1. Тоа е многу квалитетен тим со тренер кој го освојувал ова натпреварување. 2. Тие се шампиони и имаат изразен победнички менталитет. 3. Веќе ја обезбедија титулата во Германија и можат целосно да се фокусираат на Лигата на шампиони“, рекол Анчелоти.

Тренерот на Реал уште дополнил дека не само на Реал, туку и на сите останати тимови ќе им биде многу тешко да играат против Баерн.

„Макфакс“