Карло Анчелоти сеуште не се договорил со Реал Мадрид за презамање на тренерската функција, а веќе шпанските медиуми му ја склопија трансфер листата летниот преоден рок.

На листата која ја сочинуваат осум фудбалери најмногу има средниот ред дури шест и тоа Гундоган, Видал, Илараменди, Верати, Иско и Кондогбија додека останатите двајца се напаѓачи Суарез и Левандовски.

Покрај овие играчи на врвот на листата на претседателот Флорентино Перез се наоѓа Герет Бејл, а никаде Велшанецот не е спомнат како желба на Анчелоти.

Првиот човек на „кралевите“ секоја сезона има по некоја желба за доведување на скапа фудбалска ѕвезда на „Сантијаго Бернабеу“, оваа сезона „пикот“ падна на велшкиот интернационалец од Тотенхем.

Мх.П.