Поранешниот тренер на Милан, Јувентус и Челси, Карло Анчелоти е нов тренер на ПСЖ. Италијанецот потпиша договор две и пол години со “светците“ вреден 500 000 фунти месечно. Спортскиот директор на ПСЖ, бразилецот Леонардо полека ја комплетира “екипата“ која ја посакуваше пред да биде назначен за функцијата спортски директор.


Роден за успеси, Карло Анчелоти со трофејот од ЛШ.

По ангажирањето на популарниот “Лоти“, следна цел на “светците“ се англиската мега ѕвезда Дејвид Бекам, бразилецот Кака кој најдобрите моменти во кариерата ги помина под палка на Анчелоти во Милан.

Мх.П.