Тренерот на новиот француски шампион ПСЖ, Карло Анчелоти, побарал раскин на договорот. Побарав раскин на договорот и се надевам дека ќе успеам да се договорам со раководството на клубот“, рекол Анчелоти не откривајќи каде ќе ја продолжи кариерата.


Сепак неговите планови ги открил спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо.

„Анчелоти побара раскин на соработката бидејќи има понуда од Реал Мадрид. Сè уште немаме донесено никаква одлука, сè ќе биде многу појасно откако тој ќе се сретне со претседателот Ал-Келаифи“, рекол Леонардо.

Инаку, договорот на Анчелоти беше автоматски продолжен за уште една сезона откако тој го обезбеди учеството во Лигата на шампиони.

“Макфакс“