-Во нивниот дом се е во хаос и неред. Играчки и детска облека има речиси во секоја соба. Но, тоа не е она што и паѓа тешко на Анџелина, најтешко и е да ги нахрани малечките. Изморена е цело време. Нокс ќе се разбуди и и треба околу 1 час за да го нахрани и пресоблече. Тогаш се буди Вивиен, а Нокс заспива. Додека да успее да ја нахрани и пресоблече малечката, на Анџелина и останува толку време колку да дремне десетина минути пред се да почне од почеток. Сепак, иако е на раб со снагата, Енџи не би го менувала мајчинското искуство за ништо на светот – открива извор близок на семејството.











