Имаме шанса за повисок пласман бидејќи Унгарија и Исланд не се тоа што беа, а и многу се ослабени на играчки план – рече Горан Андоновски -тренер на РК Охрид и додаде – За полуфинале треба многу коцки да се поклопат, а и во трка сме со светскиот и европскиот првак.

– Со неговото приклучување селекторот ќе има опција плус во нападот и треба да биде вистинско освежување за составот на Македонија. Тој ќе ги растерети Миркуловски и Лазаров кои со Ристовски сами на своите плеќи ја одведоа Македонија во следната фаза. Нивните индивидуални перформанси беа решавачки во победата над Австрија и ремито со Чешка – потенцираше Андоновски.
Во досегашниот дел од првенството капитенот на селекцијата Лазаров е најдобар стрелец додека Миркуловски е втор на листата асистенти зад Данецот, Микел Хансен.
Македонија в сабота во 16:00 часот против Унгарија ќе го започне вториот круг од Европското првенство.
Мх.П.










