Изминатиот викенд во националниот тренинг центар во Скопје во организација на МССФ се одржа третиот по ред Куп во гаѓање со воздушно оружје-меѓународна програма, на кој учество зедоа околу осумдесеттина учесници.

Во категорија јуниори на пиштол, конечно, после подолг период од повредата, Иван Милевски од СК „Охрид“ се искачува на првата позиција на пиедесталот со испукани 543 кругови. На вицешемпионската позиција овајпат се пласира Климент Мостро од ЖСК „Лихнидос“ со 535 круга, додека Никола Тодороски од СК „Охрид“ заврши како 5-то пласиран

Кај сениорите на пиштол 4-та позиција за Даниел Михајловиќ од ЖСК „Лихнидос“ со 521 круг и седма позиција на табелата за неговиот клупски другар Велибор Балоски со 503 кругови.

Кај јуниорките на пиштол неприкосновено најдобра Стефанија Велјаноска од СК „Охрид“ со одличен резултат од 550 кругови. Сестрите Стефани и Наталија Савески кои ги бранат боите на ЖСК „Лихнидос“ се пласираа на 4-тата, односно 5-тата позиција со резултат од 523, односно 515 кругови, додека 6-тата позиција и припадна на Милица Кочовска од ЖСК „Лихнидос“ со резултат од 511 кругови. Младата Теодора Мицкоска од СК „Охрид“ која брзо напредува се најде на 8-мата позиција со резултат од 488 кругови.

Кај јуниорките на пушка големо изненадување приреди Тамара Кичеец од ЖСК „Лихнидос“ која ја зазеде вицешампионската позиција со резултат од 585,4 кругови. Теодора Спироска ја зазеде 4-тата позиција со резултат од 581,1 круга.

Кај сениорките на пушка повторно 4-та позиција за Ива Маленко од СК „Охрид“ со резултат од 600,6 круга. Кај јуниорите на пушка, Кристијан Балоски се пласира на 11-тата позиција со резултат од 569,3 кругови, додека Марко Трпески се пласира на 15-тата позиција со 533,7 круга. Андреј Серафиноски со 490,3 круга се пласира на 17-тата позиција.

За наредниот месец стрелците од двата охридски клуба веќе ги очекуваат настапи на четвртиот Куп, а поединци ќе земат учество на меѓународните турнири во Тирана – Албанија, Благоевград – Бугарија, како и престижниот Walther Youth Cup, во Смедерево.

OhridNews