– Чиле и Катар со кои први играме во групата се лесни противници и се надевам дека лесно ќе ги совладаме и ќе ја напумпаме самодовербата на поголемо ниво. Репрезентацијата е подготвена максимално, клубовите во кои настапуваат ракометарите играат многу силни и квалитетни натпревари. Искуството од вакви големи натпревари конечно е на наша страна, сите репрезентативци се стари “волци“ затоа и со право сите очекуваме добар резултат – потенцираше поранешниот репрезентативец Горан Андоновски.
Селекторот на репрезентацијата, Ѕвонко Шундовски и капитенот на селекцијата Кирил Лазаров рекоа дека пласманот во нокаут фазата е успех, а дека се друго повеќе од 1/8 финалето е “бинго“.
– Нашата реалност е пласман во најдобрите шеснаесет селекции во светот. Но морам да напоменам дека со малку спортска среќа и полесен противник во 1/8 финалето, Македонија може да го повтори успехот остварен на Европското првенство во Србија – заврши тренерот на РК Охрид, Андоновски.