Натурализирањето на ракометарите Ренато Вугринец и Немања Прибак ја подели јавноста и ракометните експерти во земјата. Двајцата ракометари добија македонско држвјанство и се најдоа на поширокиот списокот од селекторот Ивица Обвран за престојното Европското првенство во Данска.

Според охридскиот стратег, Андоновски кој е поранешен репрезентативец и учесник на Европско и Светско првенство, Македонија мора(ше) да го следи трендот на модерниот ракомет.
– Во модерниот ракомет брзината, игра огромна улога затоа честети измени во селекцијата ја оспоруваат нашата игра. Затоа неопходно беше ангажман еден пикер и лев бек кои ќе играат исто квалитетно во напад и одбрана. Пикерот ни е неопходен бидејќи ниту Стојанче Стоилов ниту Ванчо Димоски не играат одбрана, а токму тие треба да се предводници на бедемот пред голот – потенцираше Андоновски.
Сепак, Андоновски верува во квалитетите на ракометарите од Вардар и Металург кои и тоа како ќе го зголемат квалитетот во „фалангата“.
– Секако дека ќе се зголеми квалитетот во селекцијата што е добро за сите нас. Јас сакам како и секој Македонец да победува нашата селекција, но ракометно гледано не сум преголем оптимист за повторување и подобрување на пласманот од Европското првенство во Србија – заврши Андоновски.
Македонската ракометна репрезентација во групата на престојното Европско првенство се наоѓа со домаќинот Данска, Чешка и Австрија.
Мх.П.










