– Ракометарите на Прилеп ремизираа против Струга, но ние забележавме убедлива и целосно заслужена победа. Екипата ние во подем подем и единствено што може да не запре е Ракометна федерација на Македонија. Ние како клуб немаме пари да плаќаме судии и да играме матни игри. Во лигата сме најспремна екипа, а тоа се докажува на натпреварите кои ги завршуваме што е можно побрзо и не оставаме да влеземе во неизвесни завршници – истакна Андоновски.
Охриѓани ја продолжија победничката серија на пет натпревари, а во 17-та рунда пред нив престои гостување кај екипата на Младост.
– На гостувањето во Богданци ќе атакуваме на победа. Се надевам дека ќе одиме комплетни, ќе забележиме победа и во голем стил ќе го најавиме супер дербито со Струга – заврши Андоновски.
Во 16-то коло од Првата лига Младост гостуваше во Струга, а екипата на Охрид комплетно го следеше натпреварот и максимално ги знаат нивните квалитетите.