Андоновски : Опстанокот на Охрид во Супер лигата воопшто не беше загрозен
03.04.14 08:55
Охридските ракометари иако сеуште непочнат плејаутот сепак чекорат кон зацртаната цел пред почетокот на сезоната, опстанок во Супер лигата.
– Овче Поле и не ни беше некој конкурент за опстанокот бидејќи и да се останеше ќе стартуваше со девет бодови во трката наспроти нашите 14. Секако дека е олеснителна околност нивното откажување, но ние треба да го одиграме нашето во плеј аут завршницата и нема од никој да зависиме- рече охридскиот тренер Горан Андоновски.
Охриѓани со натпреварите во втората фаза во Супер лигата започнуваат второто коло против Преспа бидејќи во првата се слободни.
– До нашиот прв натпревар во плејаутот има половина месец, временски период за санирање на повредите и искористување за подигнување на формата. Стартуваме пред своите гледачи со Преспа, а тој меч е еден од позначајните натпревари во плејаутот бидејќи со трите бодови широко си ги отвараме вратите за опстанок – истакна стратегот.
Во охридскиот тим веќе се мисли за следната сезона откако во првата екипа мина низ играчки турбуленции.
– Следната сезона ќе доведиме неколку ракометари кои ќе го подигнат квалитетот на екипата, но ќе го задржиме костурот од оваа. Другата година со верната охридска публика и со едногодишното искуство во Супер лигата се надевам дека ќе се бориме за плеј оф, а не за плеј аут – заврши Андоновски.
Во среда, 12 ноември, официјално започнуваат пријавите за јубилејното десетто издание на еден од најголемите спортско-рекреативни настани во Македонија – „Охрид трчаТ“, кое ќе се одржи викендот 5-7...
Ракометарите на Охрид во рамки на 12 коло од Супер лигата во среда, 12 ноември, ја пречекуваат екипата на Алкалоид Алкалоид е тежок противник, еден од тимовите кои ќе се борат за титулата оваа годи...
Кошаркарите на ГКК Охрид славеа во возбудливото езерско дерби против екипата на КК Црн Дрим Струга со резултат 81:74, во рамките на 4 коло од Првата лига – мажи Во натпревар исполнет со борбеност, ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.