Иако македонската ракометна репрезентација претрпе пораз на премиерата на предолимпските квалификации, останува желбата и мотивот во македонската јавност за пласман во завршницата на Олимпијадата до Лондон. Тренерот на РК Охрид 2011 и поранешен репрезентативец  Горан Андоновски има свое видување за мечот со Унгарија.


Унгарија секогаш за нас преставувал незгоден противник, но на мечот во арената “Скандинавиум“ овој пат самите сме криви. Имавме огромна можност да триумфиравме, но играњето со ракометар повеќе преставуваше проблем, него олеснување во македонскиот состав – потенцираше Андоновски.

Нема пораз што може да ја поколеба македонската “фаланга“. После шокантниот пораз од Данска на Европскиот собир во Србија, Македонија се исправи ја совлада Полска, домаќинот Србија и го освои петтото место.


Мора да се заборави натпреварот со Унгарија и да се вратат посилни, а репрезентативците го можат тоа. Шведска е домаќин,  но само на хартија. Нашите навивачи се побучни така да нема да преставува проблем, дека Македонија ќе биде гостин на мечот.  Неколку ракометари на “викинзите“ се повредени и нема да бидат во составот со Македонија, а тоа избраниците на Шундовски треба да го капитализираат – заврши Андоновски.

Вториот меч во предолимписки квалификациски циклус Македонија го игра против Шведска, со почетокот во 16 часот.

Мх.П.