Охридските ракометари во втората рунда од шампионатот ја забележаа првата победа откако со 21-16 ја совлада екипата на Ѓорче Петров. Патот до триумфот за охриѓани го трасираше цврстата одбрана и расположениот голмански двоец Пецаков – Китевски.

Победивме но не игравме како што треба. Отсуството на Томоски како и недоволната подготвеност на Поп Стефанија беше видливо. Во наредниот период ќе поработиме на технички план и да ја поправиме ефикасноста. Како и на секој меч така и сега, одбраната беше на високо ниво додека во нападот има голема шанса за напредок – истакна тренерот Андоновски.

Во наредната трета рунда ракометарите на Охрид 2011 гостуваат кај Вардар Полог.

Мх.П.