Ракометната велесила Русија и во третиот обид не успеа да ја совлада Македонија на едно големо натпреварување. Во четврата рунда од мундијалот во Шпанија селекциите на Македонија и Русија ги поделија бодовите играјќи 29-29.


Ривалството со “зборнајата“ започна во далечната 1999 година на мундијалот во Египет кога фаворизираната Русија ремизираше со Македонија 26-26. Во составот предводен од селектор Стефаноски и Пепи Манасков имаше место и за сегашниот тренер на ракометниот клуб Охрид 2011, Горан Андоновски. Продолжи на Светскиот собир во Хрватска, тогаш “црвено жолтата“ армија на чело со Кирил Лазаров ја покори Русија победувајќи ја 36-30.


– Ремито со Русија во Севиља ми ги оживеа спомените стари четиранаесет години. Натпреварот одигран синоќа во голема мера наликуваше на оној 1999-та година кога исто така ремизиравме против Русија. Ова го викам бидејќи на тој меч брилираше Пепи Манасков, а на синоќешниот неговиот син постигна доста клучни голови за македонската селекција. Исто така во еден период од мечот имавме негатива од шест голови разлика и на крајот успавме да ја анулураме.  Ќе напоменам дека ремито со Русија е голем резултат и треба да сме горди на нашите ракометари – потенцираше поранешниот репрезентативец Андоновски.


Ракометарите по неубедливите победи над Чиле и Катар и поразот од Исланд во спортската јавност наидоа на низа критики.

– Нема потреба и место за критики за ракометари. Пласманот на завршницната на Светскто првенство е голем успех за нас, а секоја победа е драгоцена. Голема штета што не ја совладавме селекцијата на Исланд затоа што никогаш не допатувала послаба на големо натпреварување. Нашата шанса за пласман погоре ќе ја бараме против Данска, која мислам дека нема да настапи во најјакиот состав бидејќи веќе го имаа загарантирано првото место во групата Б – заврши Андоновски.

Мх.П.