По одигрувањето на полуфиналните натпревари, Хрватска и Словенија ќе се борат за бронзата додека домаќинот на мундијалот Шпанија и Европскиот првак Данска ќе се борат за златното одличје.

– По поразот од Данска во 1/2 финалето селекцијата на Хрватска ќе претрпе голем психолошки удар, наспроти словенците кои немаа толку големи амбиции пред почетокот од мундијалот. Затоа им давам предност на словенците во борбата за третата позиција – истакна поранешниот македонски репрезентативец, Горан Андоновски.

Како и Хрватска во 2009 така и Шпанија четири години подоцна пред своите гледачи ќе ја брка светската титулата. Во финалето домаќинот ќе се сретне со Данска селекција која во финалето 2011 на СП во Шведска загуби од Франција.

Поддршката од гледачите и пред се квалитетните ракометари во шпанскиот состав ја прават “црвената фурија“ фаворит во овој дуел. Данска е актуелен Европски првак поседуваат огромен потенцијал но домашната публиака ќе си го направи своето – потенцираше Андоновски.
 

Мх.П.