– Кога ќе ја победиш екипата со 11 голови разлика, која пред една седмица го совлада лидерот на табелата Струга говори за нашиот квалитет – рече Андоновски по победата над Вардар Полог, кој во минатато коло ја совладаа Струга на домашен терен.


Шоу на голот на охриѓани имаше Пецаков, кој имаше 16 успешни интервенции од кои четири седмерци додека гостинскиот голман Павловски собра 14 одбрани.

Во одбраната одигравме маестрално, примивме 14 голови а можевме уште помалку. Во нападот повторно грешевме, го немаме оној шутер, кој ќе го пробива гостинскиот бедем и ќе ја зголеми нашата ефикасност – заврши Андоновски.

Следен предизвик за охридските ракометари е екипата на Драчево, а мечот го играат на гостински терен.

Мх.П.