– Почетокот на мечот беше пресуден за победникот. Тогаш успеавме да направиме предност која во текот на целиот меч умеевме да ја зачуваме. Ѓорче Петров за разлика од минатата сезона има млад состав, кој игра машки ракомет, но ние со нашето искуство ги поставивме работите како нас ни одговара и не дозволивме изненадување – истакна најефикасниот ракометар во Охрид со шест погодоци, Крсте Андоновски.
Следниот противник на охриѓани во Првата машка ракометна лга на домашен терен е екипата на Вардар од Полог.