Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ нема ништо да менува во стручниот штаб во пресрет на новата сезона која ќе започне со австралискиот гренд слем турнир.
Прв тренер на Ѓоковиќе ќе остане легендарниот тенисер Андре Агаси, додека за неговото здравје и физичка подготвеност ќе се грижат Улисес и Пањини.
Ѓоковиќ единствено ќе треба да го пополни местото за вториот тениски тренер кој се користи како спаринг партнер во текот на тренинзите.
Србинот не е во топ форма, бидејќи се уште ја лекува повредата на лакотот која го оддалечи неколку месеци од тениските терени.
OhridNews