Хрватската ракометарка Андреа Пенезиќ ќе игра минимум уште една сезона, откако ја промени одлуката за повлекување од ракометот после завршување на тековната.
Пенезиќ ја промени одлуката за пензионирање, но сигурно кариерата ќе ја продолжи во друг клуб, бидејќи „црвено црните“ од следната сезона ќе се насочат кон младите ракометари од клубот.
– Долго време се мислев да ја прекинам кариерата, но одлучив да продолжам уште една, бидејќи се уште чувствувам желба за играње. Моментално преговарам со неколку клубови, но за сега немам ништо одлучено. – изјави Пенезиќ.
32-годишната ракометарка македонскиот шампион го засили од Крим, а претходно играше Подравка и Локомотив од Загреб.
OhridNews