Според музичките критичари, овој руски пијанист е претставник на силната руска пијанистичка традиција. Дипломирал со највисоки почести на Московскиот конзерваториум на 19-годишна возраст, со што станал првиот музичар во историјата на оваа престижна руска школа кој го повторил успехот на композиторот и пијанист Сергеј Рахмањинов од 1892 година . Постдипломските студии ги завршува на Кралскиот музички колеџ во Лондон.
Како чудо од дете Коробејников својот прв солистички рецитал го остварува на 8-годишна возраст и од тогаш се стекнува со повеќе од 20 државни меѓународни награди. Концертирал во повеќе од 30 земји во светот и имал чест и привилегија да настапува со уметници од врвот на класичната музичка култура.