Советот на јавни обвинители одржа седница, на која една од точките била и постапката на специјалната обвинителка Јанева при разрешувањето на двете обвинителки од тимот. Советот дополнително заклучи дека во случајот со двете избркани обвинителки Јанева се понела многу некоректно и грубо, при што било вклучено и полициско обезбедува нивното отстранување од канцелариите.
Одлуката за санкции кон Катица Јанева неможе да се донесе, па затоа Советот на јавни обвинители само ќе донесе одлука за намалување на бројот на обвинители вклучени во работата на Специјалното јавно обвинителство од 12 на 10. Советот на идната седница ќе одлучува за работниот статус на обвинителките Лејла Кадриу и Марија Ѓорѓеска, кои во моментов се уште фигурираат како дел од тимот на Јанева.
На денешната седница Советот на јавни обвинители дискутирал и за пријавата за судијата која стигнала до нив за тоа дека судија на Управен суд бил малтретиран од обвинител од тимот на Јанева да даде исказ во кафеана. По ова прашање Советот ќе ја информира Јанева по писмен пат да преземе соодветни санкции против обвинителот.
OridNews
извор Телма