Со цел овозможување на правилен раст и развој на учениците од четврто и петто одделение, Општина Охрид во соработка со Сојузот на училишен спорт, ангажира осум наставници по физичко и здравствено образование кои како тандем наставници ќе треба да ја реализираат наставата по ФЗО за четврто и петто одделение.

Согласно законот за основно образование овие две генерации не се опфатени со тандем наставник по ФЗО, па затоа Општина Охрид преку сопствени средства во соработка со Сојузот за училишн спорт – Охрид, ангажира наставен кадар по ФЗО со цел и овие две генарации да бидат опфатени и часовите да бидат реализирани од стручен кадар, односно од наставници по ФЗО, информираат од општината.

Општина Охрид е прва општина во државата, се додава во соопштението, што има добиено позитивно мислење од Бирото за развој на образованието за реализација на ваков проект.

OhridNews