Извршниот Комитет на УМС ВМРО-ДПМНЕ, на предлог на претседателот Сергеј Попов, го изгласа Ангел Велкоски за претседател на УМС ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.
Голема е честа, а уште поголема одговорноста да продолжиме да го градиме и да го развиваме најбројниот и најсилниот политички подмладок во Република Македонија. Од младите започнуваат промените, тие се изворот на добри и успешни политики, нашата сила е спој на знаењето, одлучноста и енергијата. Како УМС ОК Охрид остануваме најцврста гаранција за младите и младинските политики во Охрид. – напиша Велкоски на Фејсбук.
Целта која ја зацртавме е локалните проекти да бидат насочени кон подобрување на животниот стандард на секој еден млад човек во Охрид, додава новоизбраниот претседател на УМС ВМРО ДПМНЕ – Охрид, Ангел Велкоски.












