Германската канцеларка Ангела Меркел паднала и се повредила на скијање. Според првичните информации, животот не и е во опасност, но мора да мирува најмалку три недели. Како што пренесуваат германските медиуми Меркел има фрактура на карлицата.
-Поради повредата канцеларката ги откажа сите состаноци во наредните три недели, бидејќи не смее да лета. Таа мора да мирува. Способна е за комуникација и работата ќе ја извршува од дома, соопшти кабинетот на Меркел.
OhridNews