Екипата на Младост од Богданци со минимална победа 22-21 ја прекина триумфалната серија на охридскиот ракометен состав. Натпреварот во Богданци според ракометарите на Охрид, наликувал на оној од Македонија против Данска на Европското првенство во Србија, кога “црвено жолтите“ претрпеа пораз во последната секунда од мечот.

– Претрпевме несреќен пораз со погодок во финишот од мечот. Натпреварот со Младост во целост наликуваше на дуелот Македонија – Данска на ЕП. Имавме напад за победа, кој не го искористивме, а топката среќно стигна до нив и постигнаа погодок за победа. Но, овој пораз нема да ја наруши позитивната атмосфера бидејќи пред нас престои мечот на сезоната со “езерскиот“ ривал Струга – рече пивотменот, Тоше Анѓелкоски.

По еднонеделна пауза поради натпреварите во Купот, возбудувањата во Првата машка ракометна лига ќе продолжат на стартот од наредниот месец.

Мх.П.