Охрид изминатиот викенд живееше со  32.издание на фестивалот Охрид фест – Охридски трубадури, што се одржа на сцената Долни сарај.

 

Фестивалот заврши синоќа со прогласување на победниците. Победник на „Охрид фест 2025“ од гласовите на публиката е српскиот пејач со македонско потекло Ангело. Второто место го освои Ивона Јо, а третото дуетот Дорис Димовска и Наум Бумбаровски.

Охридското дуо Броз и Марама

Охридското дуо Броз и Марама го освои првото место од жирито со песната „Сокаци тесни“, второто и припадна на Наталија Данаилова, а третото на Саша Лазаревиќ- Кудра од Србија. Блаж Маротов ја освои наградата од новинарите.

 

Музиката, текстот и аранжманот на победничката песна „Сокаци тесни“ се на Јовица Каралиевски, а за неа изработен е видео спот.

На фестивалот настапија и бројни гости, меѓу кои и музичката легенда на просторите на поранешна Југославија Дадо Топиќ.

Г.М.
Фото: „Охрид фест“/Фејсбук