Фудбалската репрезентација на Македонија забележа успешен старт во Лигата на Нации победувајќи ја селекцијта на Гибралтар (2-0) во премиерната прва рунда. „Црвено жолтите“ до триумфот стигнаа благодарание на погодоците на Иван Тричкоски и Езџан Алијоски постигнати во првиот дел.

  • – Со триумфот над Гибралтар ја остваривме целта да тргнеме победнички во Лигата на Нации. Во првиот дел одигравме како што се договоривме и успеавме да заштедиме сили во второто полувреме. За три дена имаме тежок натпревар против Ерменија и моравме да мислиме и на тој дуел. Пандев е многу важен фудбалер во нашата селекција, во неделата играше цел натпревар за Џенова, па денес одлучив да го заштедам. На полувреме се договоривме да не се трошиме, со посед на топка да не му дозволиме на противникот да се закани. И минатиот циклус против Лихтенштајн имавме ваков пристап и момците верувам дека против Ерменија ќе го валоризираат овој триумф. Мислам дека ниту еден удар не ни упатија кон голот. Од овој момент ќе започнам да го анализирам натпреварот Ерменија – Лихтенштајн. Уште сега апелирам нашите навивачи да ни дадат поддршка в недела во Скопје. – изјави македонскиот селектор Игор Ангелоски.

Македонија дерби средбата со Ерменија ќе ја одигра в недела со почеток во 18 часот. Ерменија во првиот меч славеше 2-1 против селекцијата на Лихтенштајн.

Македонија со победа стартуваше во Лигата на Нации (видео)

OhridNews