Лидерот на „Достоинство“, Стојанче Ангелов, преку социјалната мрежа „Фејсбук“ извести дека Државната изборна комисија одобрила започнување со собирање на најмалку 100 иницијални потписи со кои ќе се продолжи иницијативата за референдум со работен наслов „Достоинство за Македонија“, составена од 4 референдумски прашања.

Инаку, четирите референдумски прашања се: Дали сте за или против Законот за територијалната организација на локалната самоуправа во Република Македонија?; Дали сте за или против автентичното толкување на членот 1 од Законот за амнестија со кое се ослободуваат од гонење, се запираат кривичните постапки и потполно се ослободуваат од извршувањето на казната затвор извршители на воени злосторства против цивили во конфликтот од 2001 година?; Дали сте за или против припадниците на ОНА, кои учествувале во конфликтот во Република Македонија во 2001 година, да вршат јавни функции во Република Македонија?; Дали сте за или против припадниците на ОНА, кои учествувале во конфликтот во Република Македонија во 2001 година, да добијат посебни права утврдени со закон?.
OhridNews












