Градоначалникот Аце, во последните неколку години поминува трновит пат,  затоа што ВМРО- ДПМНЕ врз него ги примени сите недемократски режимски методи од кои дел ги испробаа и врз мене. Од лично искуство можам да кажам дека нивните методи се нечесни и сурови, рече на денешната прес- конференција претседателот на „Достоинство“, Стојанче Ангелов, кој ја изрази својата подршка за кандидатот за градоначалник Александар Петрески и ги повика охриѓани на претстојните избори да гласаат за него.


– Се обидоа да го поткупат, кога не успеаа се обидоа да го исплашат. Му напишаа ни повеќе ни помалку туку 19 кривични пријави. Кога видоа и тоа не помага и дека не можат да го исплашат, се обидоа да го исмеат и омаловажат и девалвираат .Тоа не им успеа, бидејќи нашиот Аце  е вистинскиот човек кој Охрид ќе го однесе во подобар живот. Ако овој градоначалник  овие 8 год се бореше на чело на овој град спротивно на централната власт со сите опструкции кои му беа правени, може да претпоставиме што ќе биде по локалните избори на кои ние „Сојузот за иднината“ убедливо ќе ја поразиме коалицијата на ВМРО ДПМНЕ и тогаш со подршка од централната власт, градоначалникот Аце ќе може да направи многу повеќе работи за Охрид, рече Ангелов.

Тој со порака, до како што рече, сите чесни ВМРО- вци кои сеуште се активни челенови на ВМРО- ДПМНЕ, дека гласајќи за кандидатот на ВМРО- ДПМНЕ во Охрид, гласаат за Талат Џафери да биде министер за одбрана.

– Еден вистнски ВМРО-вец треба да го подржи кандидатот на „Сојузот за иднината“, бидејќи со тоа гласа против Талат Џафери да  биде министер за одбрана, рече претседателот на „Достоинство“.

OhridNews