Лидерот на „Достоинство“ Стојанче Ангелов, денеска упати апел до претседателот на земјава Ѓорѓе Иванов, да го амнестира поранешниот министер Љубе Бошкоски, кој е осуден на седумгодишна казна под обвинение дека злоупотребил пари за време на претседателските избори.

Амнестирајте го затоа што неговиот грев сигурно не е поголем од гревот на злосторниците од УЧК кои беа амнестирани, амнестирајте го затоа што неправедно и невин лежеше 4 години затвор во ХАГ за Македонија. Затоа што дома го чекаат 3 деца, затоа што го чека сопругата и неговата стара и болна мајка.“ –  изјави Ангелов.

Инаку, апелот доаѓа само неколку дена откако во Македонија пристигна Јохан Тарчуловски, кој беше свечено пречекан од страна на државниот врв од земјава.

OhridNews