Селекцијата на Македонија ќе биде дел од баражот во Д лигата, откако во својата група заврши на првата позиција. „Црвено жолтите“ првото место го заверија со триумф (4-0) на домашен терен против Гибралтар. До пласман на ЕП, Македонија ја дели два мечеви, односно полуфиналето и финалето од баражот.

  • Целта е пласман на ЕП 2020 и сега тоа ќе го барам од фудбалерите. Ќе видиме кој ќе ни се падне во полуфиналето, но јас повеќе сакам да се гледаме сами себе. Јас се надевам дека тоа домашно полуфинале ќе побуди големо внимание, зашто фудбалерите заслужија поддршка. Јас можам да им се заблагодарам на сите кои доаѓаат да не поддржат. Честитки за фудбалерите, тие се најзаслужни за сето ова, зашто макотрпно работеа за да стигнат до тука. Ја исполнивме целта и можеме да бидеме задоволни. Македонија покажа дека не припаѓа во оваа група – изјаври селекторот на Македонија, Игор Ангеловски.

Бараж мечевите ќе се играат во март следната година, а потенцијални противници на Македонија се репрезентациите на Белорусија и подобриот од дуелот помеѓу Косово и Азербејџан.

OhridNews
Фото: Гол.мк