Селекторот на А репрезентацијата, Игор Ангеловски го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за натпреварот со Лихтештајн од петтата рунда во Г групата од мундијалските квалификации и за контролниот дуел против Белорусија.
Ангеловски повика вкупно 22 фудбалери за дуелот со Лихтештајн кој ќе се одигра на 24 март во Вадуз и со Белорусија во Скопје четири денови подоцна. Селектор за квалификацискиот дуел со Лихтештајн единствено неможе да смета на Езџан Алиоски кој ќе паузира поради жолти картони, додека другите се фит и подготвени.
– Верувам во играчите, убеден сум дека ќе влеземе максимално подготвени и конечно после добрите игри, да освоиме и бодови во овие квалификации. Јас не сум тренер кој бара алиби, не бегаме од фаворитската улога, но нема ниту да ги потцениме, затоа што во минатото Македонија веќе се има „изгорено“ во дуелите со вакви репрезентации. – изјави селекторот Ангеловски.
Повикани фудбалери:
Голмани: Столе Димитриески, Игор Алексовски, Филип Гачевски
Одбрана: Стефан Ристовски, Егзан Бејтулаи, Даниел Мојсов, Ванче Шиков, Кире Ристевски, Дарко Велковски
Среден ред: Душко Трајчески, Ферхан Хасани, Никола Ѓорѓев, Бобан Николов, Давид Бабунски, Александар Трајковски, Марјан Радески
Напад: Горан Пандев, Бесарт Ибраими, Илија Несторовски, Иван Тричкоски, Музафер Ејупи.
OhridNews