Игор Ангеловски, селекторот на А репрезентацијата на Македонија и Благоја Милевски, предводникот на нашата селекција до 21 година од 9-ти до 14-ти декември ќе организираат селективен камп за играчи кои настапуваат претежно во домашниот шампионат.


Во рамки на селективниот камп ќе бидат одиграни два тренинг натпревари, првиот на 12. ноември и вториот два дена подоцна на стадионот во Ѓорче Петров.

Ангеловски во составот ќе повика фудбалери кои претежно настапуваат во домашниот шампионат, додека Милевски ќе повика играчи од генерацијата 1996/97 и помлади кои имаат право за настап во следниот квалификациски циклус за пласман на младинското ЕП 2019 година.

-Некој ќе бидат за прв пат во националната репрезентација, а и оние кои биле повикани, но помалку играле ќе добијат вистинска прилика. Очекуваме добри натпревари, не се сомневаме дека дресот на Македонија е предизвик за секој од повиканите. Овој тип на натпревари може да даде одговор за играчите кои досега имале малку шанса да учествуваат во играта на репрезентацијата. – изјавите двајцата селектори за официјалната страна на ФФМ.

Милевски, проектот за менување во У21 селекцијата го започна со селективниот камп во Охрид кој се одржа на почетокот од овој месец.

OhridNews