Македонската фудбалска репрезентација со триумфот над Лихтенштајн во Вадуц мрдна од нулта точката во Г групата во квалификациите за светскиот собир во Русија следната година. „Црвено жолтите“ добрата и доминатната игра ја капитализираа со убедлива победа 3-0 која ги донесе првите бодови на табелата.
– Од играта задоволен бев и на претходните натпревари, но сега сум комплетно задоволен, бидејќи резултатот заврши во наша полза. Очекував победа и не ми беше важно каква ќе биде, а оваа ептен добро ќе ни дојде. Се уште жалам за несреќните порази од Албанија и Италија, но мора да гледаме напред. На мечот со Лихтенштајн настапивме со пет фудбалери од младинската селекција со што продолжив да го исполнувам моето ветување за подмладување. Исто така сакам да им се заблагодарам на навивачите кои дојдоа и со навивањето направија да се чуствуваме како дома. – рече после натпреварот селекторот Игор Ангеловски.
Победата можеше да биде поубледива ако Илија Несторовски го реализираше пеналот во судиското продолжение кој првично требаше да го изведува капитенот Горан Пандев. – Пеналот требаше да го шутира Пандев, но тој уште еднаш ја покажа големината и му даде можност на Несторовски да постигна хет трик, а вистинска штета што не го реализираше.
СП: Македонија убедлива против Лихтенштајн (видео)
OhridNews