Фудбалската репрезентација на Македонија со две идентични победи (2-0) ги започна натпреварите во Лигата на Нации. „Црвено жолтите“ во првата рунда славеа на гостински терен против Гибралтар, а во втората ја совладаа Ерменија на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје.
„Црвено жолтите“ со двете победи направија голем чекор напред кон првата позиција на табелата во групата која води во баражот за пласман на Европското првенство.
- На мечевите со Гибралтар и Ерменија направивме се што е потребно да победиме. Јас сум задоволен од играта и од победите. Влогот во ова натпреварување е преголем и не гледам причина да не играме на резултат. Сепак, иако имаме две победи од која една над директниот ривал ништо не е готово и нема да се израдуваме пред да бидиме официјално први. Не смее да не понесе еуфорија и да направиме од готово верисија. Ќе одиме чекор по чекор. – изјави македонскиот селектор Игор Ангеловски.
За месец дена Македонија ќе одигра две нови средби во Лигата на Нации. Во третата рунда на домашен терен ќе ја пречека селекцијата на Лихтештајн, а гостува кај репрезентацијата на Ерменија.
OhridNews