Конкурсот за избор на директор на јавната установа национален парк Галичица заврши и се очекува во законскиот рок од 30 дена Управниот одбор на паркот да избере раководител.
Во конкуренција е и актуелниот директор на НП Галичица Зоран Ангелоски, кој очекува дека при изборот ќе се вреднуваат постигнатите резултати.
-Резултатите кои што беа направени во текот на изминатите 4 години се големи, тие се видливи и од корист на пошироката заедница. Затоа повторно конкурирав за функцијата директор на националниот парк и очекувам дека се што беше направено во минатиот период ќе биде почитувано и дека ќе добијам втор мандат, изјави Ангелоски.