Македонската фудбалска репрезентација ремизираше без голови (0-0) со Финска на првиот од двата тест мечеви во турскиот град Белек. Вториот натпревар „црвено жолтите“ ќе го одиграат со Азербејџан.

– Репрезентативците ги исполнија сите задачаи, а недостасуваше само погодок за комплетирање на сликата. Кога се` ќе се собере мислам дека ремито е реален исход. Од играта сум задоволен и нема многу што да променам за мечот со Азербејџан кој не очекува. Сакаме да победиме на тој натпревар и ќе направиме се да го сториме тоа. – изјави селекторот на Македонија, Игор Ангеловски.

Фудбалерот на Леванте, Енис Барди смета дека Македонија играла подобро, но Финска доминирала на физички план. – Имавме подобри шанси за гол од Финска, а тие не надиграа во физичкиот дел. Нивната игра со долги топки ни создаваше проблеми, токму поради физичката надмоќност. Мора да се бориме за што повеќе минутажа на теренот во клубовите, бидејќи само така се стекнува сила и самодоверба. – додаде Енис Барди.

Реми без голови на А репрезентацијата против Финска

OhridNews