Селекторот на А репрезентацијата, Игор Ангеловски се обиде да ја смири еуфоријата после победничкиот почеток на Македонија во евро-квалификациите. „Црвено жолтите“ со 3-1 ја совладаа Летонија на Националната арена „Филип Втори“ и ги запишаа првите трите бодови на табелата.

  • Нема ниту време, ниту простор за еуфорија, бидејќи не очекува нов меч со Словенија кој е многу важен во овие квалификации. Она што го најавувавме го остваривме. Победивме, креиравме доста шанси и жалам што порано го решивме победникот. Триумфот ме радува поради Пандев кој заслужи ваква честитка. Тој е фантастичен човек и среќен сум што можам да работам со таков капитен. Им посакувам на сите репрезентативци да стигнат до неговата бројка. – изјави селекторот.

Пандев на дуелот со Летонија настапи по јубилеен 100-ти пат во дресот на Македонија, а блесна Елиф Елмас кој постигна два погодоци.

Македонија в недела во Кожице ќе ги одмери силите со Словенија во втората рунда квалификациите за пласман на Европското првенство следната година.

OhridNews

ЕП: Јубилејот на Пандев, Македонија го круниса со победа (видео)