Селекцијата на Шпанија и го нанесе четвртиот пораз на Македонија во квалификациите за Светското првенство во Русија победувајќи ја (4-0) во Гранада.
Македонија, никогаш во историјата немала ваков негативен скор по првите четири квалификациски мечеви, што се поклопува со најслабиот рејтинг на ФИФА листата.
– Шпанија сосема заслужено не победи, но резултатот мислам дека е превисок. Ние имавме свои шанси на 0-0 и потоа на 1-0, но не ги искористивме, а тоа шпанците веднаш го казнаа. Во поразот има позитивна работа затоа што игравме со отворен гард и не се уплашивме против селекција која е една од најдобрите во светот. – рече селекторот Ангеловски.
Репрезентативците нова и голема можност за први бодови во групата ќе имаат во дуелот против Лихтештајн кој се игра во март следната година.
СП: Македонија поразена од Шпанија (видео)
OhridNews