Изминатата ноќ на Светското првенство во фудбал 2026 беа одиграни четири натпревари од групите К и Л, а највпечатлива победа оствари Англија која ја совлада Хрватска со 4:2.
Во супер интересното и ефикасно прво полувреме поведе Англија со голот на Кејн од пенал во 12 минута. Хрватска израмни со прекрасен гол на Батурина, но Кејн ја врати предноста на Англија. Во последните секунди од првиот дел Муса по асистенцијата на Перишиќ израмни на 2:2. Во второто полувреме Англичаните беа подобар противник, создадоа голем број шанси и со головите на Белингам и Рашфорд стигнаа до заслужен триумф.
Во останатите средби Колумбија го совлада Узбекистан со 3:1, додека Португалија и ДР Конго ремизираа 1:1. Гана со минимални 1:0 славеше над Панама.
Резултати:
Португалија – ДР Конго 1:1 (Група К)
Англија – Хрватска 4:2 (Група Л)
Гана – Панама 1:0 (Група Л)
Узбекистан – Колумбија 1:3 (Група К)
Денеска почнува второто коло по групи, а на програмата се четири средби од групите А и Б:
Чешка – Јужна Африка
Швајцарија – Босна и Херцеговина
Канада – Катар
Мексико – Јужна Кореја
Особено внимание привлекува дуелот меѓу Мексико и Јужна Кореја во групата А. Домаќинот Мексико со евентуална победа би направил голем чекор кон осминафиналето, додека Корејците по триумфот над Чешка на стартот ќе се обидат да останат на врвот на табелата.
Во групата Б, Босна и Херцеговина ќе бара прва победа против Швајцарија, а Канада и Катар ќе се обидат да ги освојат првите три бода по ремијата во воведното коло.
Светското првенство во САД, Мексико и Канада продолжува со натпревари секој ден, а по комплетирањето на второто коло во групите А и Б ќе стане појасна сликата околу првите патници во нокаут фазата.
OhridNews













