Англија во минатото со темелни постапки и правилни потези се справи и го сведе на минимум хулиганизмот во и надвор од стадионите наменети за фудбал. Овој пат земјата подготвена е да го крене гласот против расизмот кој зема се повеќе замав во фудбалот.

Револуцијата ќе ја направат репрезентативците на Англија. Тие најавија дека самоиницијативно ќе го напуштат стадионот ако на средбата со Чешка во квалификациите за ЕП од трибините слушнат довикувања на расна основа.

Во случај на вреѓање на расна основа во правилникот на УЕФА протокол од три точки. Првата точка се состои од јавна опомена од спикерот на стадионот, втората е прекинување на натпреварот на одредено време и продолжување. Ако двете точки не вродат со плод главниот арбитар мора да го прекина комплетно натпреварот.

Имавме состанок на кој разговаравме околу протоколот. Нам ни објаснија како треба да се носиме со таква ситуација. Капитенот Хари Кејн рече дека ако се случи такво нешто без разлика на резултатот цела екипа ќе се повлече од теренот. После тоа нека дебатираат останатите чинители во фудбалот а не ние кои сме удар цело време. Во овој момент важно е да покажеме дека сме решителни во борбата против расизмот. – изјави фудбалерот на Челси, Тами Абрахам.

Англија на Чешка и гостува на 11 октомври.

OhridNews