Македонската футсал репрезентација вечерва ги започнува натперварите од претквалификацискиот турнир за ЕП 2012г.

Нашата футсал репрезентација како домаќин ќе ги одмери силите со селекциите на Англија , Грузија и Естонија а само првопласираната селекција патува во следната квалификациска рунда.


6-те победници во прелиминарните групи ќе им се придружат на 18-те најдоброрангирани селекции во Европа и ќе формираат нови 6 групи кои ќе играат мини-турнири од 24-27 февруари. Првопласираните селекции од овие групи заедно со 5-те најдобри второпласирани селекции ќе патуваат на ЕП во Хрватска.

Распоред на натпревари:

21.Јануари 18.00 Грузија – Естонија
20.30ч. Македонија – Англија (МТВ1)

22. Јануари 18.00ч. Англија – Грузија
20.30ч. Македонија – Естонија (МТВ1)

24. Јануари 18.00ч. Естонија – Англија
20.30ч. Грузија – Македонија (МТВ 1)

Оhridnews