Минатата сезона во Премиер Лигата беше бурна во секој поглед. Шампионот се одлучуваше во последните минути од првенството, Џои Бартон имаше свое шоу на истиот меч. Но “црна дамка“ на “лудата“ Премиерлигашка сезона остави инцидентот помеѓу фудбалерот на Челси, Џон Тери и Антон Фердинанд од Квинс Парк Ренџерс.


Токму овие две екипи ќе се сретнат во ударниот термин на Премиер Лигата. Англиската јавност е љубопина и наместо со мечот повеќе се преокупирани дали ќе се поздрават и ќе ги закопаат “копјата“ овие двајца фудбалери.

Дополнитело масло во распламнатиот оган додава братот на Антон, Рио Фердинанд кој најави дека и тој нема да поздрави со Џон Тери на дуелот помеѓу Челси и Манчестер Јунајтед на крајот од овој месец.

Мечот помеѓу КПР и Челси ќе се одигра в сабота во 16:00 часот и останува да видиме дали ланскиот инцидент ќе добие поголеми размери.

Мх.П.