Премиерлигашот од Велс, Свонси е противник на Наполи и Горан Пандев во 1/16 финалето од Лигата на Европа. „Азурите“ несреќно испаднаа од групите во Лигата на Шампиони и се пласираа на третата позиција која води во Лигата на Европа.
Овогодинешното финале од Лигата на Европа се игра во Торино, а првите натпревари од 1/16 финалето се закажани за 20 февруари.
Двојки : Днипро – Тотенхем, Бетис – Рубин Казан, Свонси – Наполи, Јувентус – Трабзонспор, Марибор – Севиља, Плзен – Шахјтор Доњецк, Черноморец – Лион, Лацио – Лугогорец, Ејсберг – Фиорентина, Ајакс – Салзбург, Макаби Тел Авив – Базел, Порто – Ајнтрахт Франкфурт, Анжи – Генк, Динамо Киев – Валенсија, ПАОК – Бенфика, Либерец – АЗ.
Мх.П.