Шампионот на Англија, Манчестер Сити одигра без голови 0-0 на гостувањето кај последнопласираниот тим во Премиер лигата, Квинс Парк Ренџерс. Со ремито против “фенерџијата“ избраниците на Италијанскиот стручњак, Роберто Манчини направија чекор назад во одбрана на титулата.


Лидерот на премиерлигашката табела, Манчестер Јунајтед на домашен терен го пречекува 16-то пласираниот Саумптетон и со евентуална победа ќе се одлепи на седум бодови.

Резултати : КПР – Мен Сити 0-0, Сандерленд – Свонси 0-0, Стоук – Виган 2-2, Астон Вила – Њукасл 1-2.

Табела : Мен Ју  56, Мен Сити 52, Челси 45, Тотенхем 41, Евертон 38. . .

Мх.П.